Sunday, February 17, 2013

Дебатната сала на Владата на Република Македонија 
Одбележан успехот на проектот "Бабини игри" престижна награда на Глобалниот Форум на Мајкрософт "Партнери во учењето”, одржан во Вашингтон, САД. Натпреварувајќи се со 115 проекти од 70 земји од светот, проектот "Бабини игри" го освои 1st Runner Up во категоријата Educator's Choise.  На свечената церемонија меѓу присутните присуствуваа и градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, претставникот на Американската Влада во Република Македонија ЛиАн Мар, Министерот за образование и наука Панче Кралев, Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, Генералниот директор на Мајкрософт во Македонија Илијанчо Гаговски и Раководителот на Мајкрософт "Партнери во учењето" Влора Адеми. Овој проект е нишка помеѓу минатото и сегашноста, проект во кој децата со својата инвентивност, креативност и познавањата на новите технолошки достигнувања ги осовременија старите традиционални игри. Автор на проектот е одделенскиот наставник Марина Василева од ОУ "Св. Кирил и Методиј" од Општина Центар

No comments:

Post a Comment